Од 1-2 Ноември во Битола на планината Пелистер во организација на Extreme Bike Bitola ќе се одржи downhill натпреварување. Натпреварувањето е од отворен карактер и може да учествува било кој возач. Стазата која започнува од планинарскиот дом Копанки и завршува кај детското одмаралиште има вкупна должина од 2,2км. Самата стаза е поделена во два дела: првиот е повеке технички кој изобилува со карпи и корења и вториот дел кој е многу брз. На стазата се изработени неколку скокови кој допринесуваат за нејзиниот екстремен изглед. За транспорт на учесниците се грижат неколку комбиња и жичара. За цена од околу 10 евра се плаќа котизација за трка, спиење во планинарски дом Копанки, осигурување, превоз и храна. С екој учесник е должен да носи full-face кацига за време на тренинзите и на саматра трка.
На 01.11. ќе има организиран превоз за учесниците од Битола до хотел Молика. Официјалните припреми за натпреварот ќе започнат во 9 часот со слободен тренинг кој ќе трае до 12 часот. Од 13 до 15:30 се одржуваат квалификациите. После тоа организацијата ќе го одреди бројот на учесниците на натпреварот и редоследот по кој ќе се тргнува. Вечерта се организира забава и дружење со учесниците на натпреварот.
На 2.11. се одвива натпреварот. Старт во 11 часот пред домот Копанки. Секој учесник тргнува посебно со одреден временски интервал. Целта ќе биди на крајот од вториот ски лифт зад детското одмаралиште.
1.11.2008 - 9:00 до 12:00 официјален тренинг
1.11.2008 - 13:00 квалификации
2.11.2008 - 11:00 старт на трката
Откако сите учесници ќе ја завршат трката ќе има доделување на наградите за најуспешните.
Секој што е заинтересиран нека пише на следната e-mail адреса
[email protected]